За Радослав Стојчевски, помлад професор по медицина, содржината генерирана од ВИ не е професионално новинарство, студентката Катерина Кузмановска... Што пишувавме неделава
Радослав Стојчевски, помлад професор по медицина и истражувач во Њујорк: „Границата меѓу училницата и лабораторијата е речиси невидлива“
Радослав Стојчевски од Дојран е поранешен студент на Институтот за биологија при ПМФ, а од 2023 година е помлад професор по медицина (Assistant Professor) на Медицинскиот факултет „Доналд и Барбара Цукер“ при Универзитетот „Хофстра“ во Њујорк.
„Содржина генерирана од ВИ, без проверка од човек, не може да се смета за професионално новинарство“, вели новинарот Александар Манасиев
Само мал дел од медиумите транспарентно ја означуваат синтетичката содржина, додека најголемиот дел од оние што активно користат ВИ-алатки не ја информираат јасно публиката за тоа
Од студентка на Градежен факултет во Скопје до одговорен инженер за контрола и квалитет во Луксембург - приказната на Катерина Кузмановска
Катерина Кузмановска е магистер на науки од областа на градежништвото, специјализирана во областа контрола и квалитет. Кариерата ја започна во македонска компанија, каде што го стекна првото практично искуство во градежништвото. Продолжи да работи во интернационална компанија во Скопје, а денес е дел од голем меѓународен проект во Луксембург поврзан со изградбата на нов објект на Европската инвестициска банка.