За најдобрите студенти на ФДУ и на Градежен факултет, победничката на ораторски натпревар со говор за иселувањето на младите... Што пишуваме неделава
Соработката со професорите и колегите на различни филмски и видеопроекти ме мотивираше секој следен проект да се обидам да биде што е можно подобар од претходниот. Откако ги добив првите високи оценки, стекнав репутација на факултетот како некој на кого другите можат да се потпрат за секоја работа. Тоа ме мотивираше да останам одлична до крај и да продолжам да соработувам со колегите и професорите за заеднички да создадеме квалитетни дела, вели Марија
Сара Јованова победи на ораторски натпревар со говор за иселувањето: „Младите не си одат за подобар живот, туку бегаат од понижувањето“
Сфатив дека иселувањето не е миграција во потрага по подобра плата, туку класичен системски прогон. Најболното сознание беше дека нашата држава не ги губи младите затоа што тие не ја сакаат, туку затоа што системот ги тера да бидат странци во сопствената татковина. Сфатив дека куферите не се пакуваат од желба, туку од скршена надеж, изјавува Сара
Верица Ѓорѓиева, најдобар студент на Градежен факултет: „Ме фасцинираат мостовите бидејќи се најголем инженерски предизвик и симбол на поврзување“
Верица Ѓорѓиева беше прогласена за еден од најдобрите дипломирани студенти за академската 2024/2025 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Таа е најдобар студент на Градежниот факултет во Скопје, а признанието е резултат на повеќегодишна посветеност, дисциплина и искрена љубов кон тоа што го изучувала.