За најдобриот млад преведувач, најдобриот научник за ветеринарство и земјоделство, студентски мемоари на Даница Петличкова... Што пишувавме неделава
Марина Иванова е добитник на престижната награда „Вавилон“ за најдобар млад преведувач, која ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија. Ова признание, кое го доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија, претставува највисоко одликување во областа на преводот.
Проф. д-р Мартин Николовски е најдобар научник за ветеринарство и земјоделство: „Студентите треба да го црпат знаењето од професори кои се во тек со најновите информации од науката и струката!“
Неговите истражувања се многубројни - само во последните 7 години има објавено 25 оригинални научни трудови во меѓународни научни списанија. Истражувањата во 2024 година придонесоа да се зголеми успехот на ин витро оплодувањето кај животните, да се создадат клеточни гаметни бази за оплодување стада овци со кои ќе се одржува нивната популацијата, меѓу кои и автохтоната овчеполската праменка, повисока стапка на гравидитет кај кравите, заштита на миленичињата до антимикробна резистентност и друго.
СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: Даница Петличкова (77) завршила Виша економска школа во 1969 година, а потоа и Економски факултет во Прилеп: „Професорите нѐ учеа да бидеме чесни и некорумпирани економисти“
Да се биде студент во шеесеттите години значеше да се учи посветено, да се има респект кон професорите и со елан да се гледа кон иднината затоа што најголемиот дел од студентите сонуваа да помогнат во развојот на татковината, вели Даница Петличкова (77), која во 1969 година ја завршила Вишата економска школа во Прилеп, а неколку години подоцна, кога прераснала во високообразовна установа, и Економскиот факултет.