За првенецот на генерација на Фармацевтскиот факултет, желбите на театарскиот режисер Јован Ристовски и деканката на Правниот факултет од Кичево... Што пишувавме неделава?
Елена Рајкоска креира мени за исхрана за деца со аутизам: „Акцентот не е на етикетата здрава храна, туку на балансиран оброк“
Познато е дека цревата се „вториот мозок“ на човечкото тело. Врската меѓу мозокот и стомакот е реална и дава едно подлабоко разбирање за човекот. Научниците сметаат дека со контролирање на стомачната средина, може да контролираме што се случува во мозокот. Имајќи го ова предвид, во последно време сѐ почесто се поставува прашањето колку исхраната може да влијае врз однесувањето кај децата со нарушување на дефицитот на внимание, како и кај децата со аутизам?
Исидора Давитковска, првенец на генерацијата на Фармацевтскиот факултет, паричната награда од Фондацијата „Трајче Мукаетов“ ќе ја донира за СОС Детско село
Еднократната парична награда од 1.200 евра што Фондацијата „Трајче Мукаетов“ ѝ ја додели на дипломираната фармацевтка Исидора Давитковска од Куманово, првенец на генерацијата на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, таа одлучи да ја донира во СОС Детско село.
Зголемена видливост и препознатливост на Правниот факултет од Кичево - најголема желба на деканката Светлана Вељановска за 2026 година
Најголемите желби за 2026 година на деканката на Правниот факултет од Кичево, при Универзитетот Свети „Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Светлана Вељановска, се поврзани со развојот и позиционирањето на факултетот во нашата земја и меѓународната академска заедница.
Јован Ристовски, театарски режисер: „Посакувам да направам нецензурирана претстава за Кочани, за Македонија, за премолчените вистини!“
Го нарекуваат режисер на општествениот живот. Преку претставите што ги режира, отворено, храбро и без влакна на јазикот говори за проблемите со кои се соочува човекот во ова општество. Тој е креатор на инклузивниот театар во државата. Во неговите претстави прозборуваат лицата со оштетен слух и говор, на знаковен јазик. За стигмата и дискриминацијата зборуваат луѓето со инвалидитет и други попречености.