За Беира, која со целосно оштетен вид истрча полумаратон, уредувањето статии на „Википедија“ на македонски, секој втор маж е под стрес... Што пишувавме неделава
„Секоја статија на македонски во Википедија е начин за зачувување и промовирање на нашиот јазик во светот“, вели професор Лили Арсова, уредник во „Википедија“
Професорката Лили Арсова, како образовен координатор, и Филип Инчев, ученик од втора година во гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, беа дел од годинешниот собир на википедијанци – уредници на Википедија на македонски јазик во организација на Викимедија МКД, кој пак е локален огранок на Фондацијата „Викимедија“.
„Тишината меѓу нас“: Речиси секој втор маж често чувствува стрес, а седум од десет тешко зборуваат за чувствата
Во истражувањето доброволно учествувале 306 мажи од различни возрасни групи и од различни делови на Македонија. Анкетата била анонимна и онлајн, преку платформата Google Forms, а била спроведена од 26 јуни до 2 јули 2026 година. Целта на истражувањето е да даде увид во ставовите, стравовите, навиките и потребите поврзани со менталното здравје кај мажите.
Беира, која има целосно оштетен вид, истрча полумаратон: „Преку очите на мојот пријател и асистент Димче ја гледав патеката“
До финиш-линијата нѐ донесе само една работа. Тоа беше комбинација од меѓусебната довербата, луѓето што стоеја зад нас, начинот на кој научивме да размислуваме во тешките моменти и вербата дека ако сме поминале толку долг пат за да стигнеме до стартот, ќе најдеме начин да стигнеме и до финишот, вели асистентот на Беира, Димче Миланов