За кратењето на струките во средно училиште, пациентите со ретки болести, новиот закон за високо образование... Што пишувавме неделава
Театарот како сведоштво и отпор, приказни што не завршуваат со спуштањето завеса - интервју со драматургот Билјана Крајчевска
Брзала да порасне за да чита книги за погорните одделенија, од црвената тетратка во која како дете пишувала поезија денес стигна до 50 драматизирани претстави - Билјана Крајчевска, еден од најдобрите драматурзи во Македонија, создава театар што поттикнува критичка мисла.
МОН ги крати струките во средните училишта за кои нема интерес: „Приоритет се струките што се барани на пазарот на трудот“
Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година, кој неодамна го објави Министерството за образование и наука, предизвика негодувања кај дел од наставниците затоа што се скратија некои програми за кои во претходните години немаше интерес и затоа што некои паралелки беа префрлени во други училишни објекти.
Со овој закон треба да се уредат основните начела за вршење на дејностите на високото образование, автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите и надзорот над работата на високообразовните установи.
Патот на пациентот со ретка болест во Македонија не е само медицински предизвик, туку суров тест за човечката издржливост, вели Гордана Лолеска
Пациентите со ретки болести не бараат милост, туку системска правда која може да се обезбеди само преку итно усвојување на национална стратегија со јасен акциски план. Државата мора да разбере дека здравјето на овие граѓани е врвниот тест за етичката зрелост на целото наше општество, вели Гордана Лолеска, претседателка на Здружението „Ретко е да си редок“