Јована Цветановска - првенец на генерација на Медицинскиот факултет, д-р Драган Кочински објаснува за болеста лепра, 105-годишнина на Филозофскиот факултет... Што пишувавме неделава
Проф. д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофски факултет: „Инвестирањето во студентите е најсигурната инвестиција за државата“
Филозофскиот факултет во Скопје на 16 декември одбележа значаен јубилеј - 105 години постоење. Тоа е најстарата високообразовна институција со најголема традиција во нашата држава и со право се кажува дека факултетот е и академски и национален симбол во државата, и заедно со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се основоположници на македонското образование, наука и култура.
„Лепрата не е лесно пренослива и целосно се лекува“, вели д-р Драган Кочински, откако во регионот се појави изолиран случај на болеста по три децении
По повеќе од 30 години, изолиран случај на лепра е потврден и во Хрватска. Хрватскиот институт за јавно здравје изјави дека пациент со симптоми се пријавил во епидемиолошката служба во Сплит пред околу десет дена и дека болеста е дијагностицирана навремено. Иако се работи за болест која не била забележана на ова поднебје повеќе од три децении, во јавноста почнаа да се поставуваат прашања колкава е опасноста од лепра, какви се симптомите и како треба да се реагира во случај на некаков сомнеж
Јована Цветановска e првенец на генерација на Медицинскиот факултет во Скопје со просек 9,98: „Ме фасцинира работата во микросветот на крвните садови и срцето“
Јована Цветановска е првенец на генерација на Медицинскиот факултет при УКИМ за академската 2024/2025 година. Таа дипломира со импресивен просек од 9,98 и е добитничка и на наградата за најдобар студент што ја доделува Фондацијата „Трајче Мукаетов“ за најуспешните студенти на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет во Скопје.