X
 01.01.2024 Живот

Љубовта што ја имаме кон чоколадото е здрава за нас, вели науката

Со лешници, карамел, млеко, бело, црно, чоколадото не е само вкусно задоволство - листата со неговите различни придобивки се зголеми во последниве години бидејќи станавме свесни за многубројните нутритивни аспекти.

Еве некои од нив:

Чоколадото може да помогне при заморот по летање со авион


Не е лесно да се справите со заморот што доаѓа по лет на долги релации и менување неколку временски зони. Додека некои патници сакаат да се препуштат на виното за време на нивниот лет, всушност, не е препорачливо да се пие алкохол на овие патувања бидејќи тоа го нарушува сонот и може да дехидрирате.

Но, ако ви треба малку уживање, чоколадото може да ви помогне подобро да се соочите со промената на временските зони.

Чоколадото може да биде дел од исхрана здрава за срцето

Истражувачите сакаат да го проучуваат чоколадото, а доказ за тоа е негово присуство во голем број истражувања. Утврдено е дека консумирањето умерени количини чоколадо го намалува ризикот од неправилно чукање на срцето.

Со други зборови, луѓето што консумираат чоколадо во умерени количини може да имаат помал ризик да им биде дијагностицирана фатална атријална фибрилација. Ова особено важи за темното чоколадо бидејќи содржи поголем процент на какао од млечното чоколадо.

А во какаото се наоѓаат флаваноли - антиоксиданси за кои се верува дека се борат против воспаленијата и кои може да помогнат во спречување на згрутчување на крвта.

cokolado
Фото: Freepik

Чоколадото може да има позитивен ефект врз нашата ментална благосостојба

Можеби ќе почувствувате задоволство кога ќе каснете чоколадо. Присуството на какао има корисни ефекти врз нашата ментална благосостојба.

Во 2020 година Американската психијатриска асоцијација го одобри позитивното влијание на чоколадото врз менталното здравје, нагласувајќи го истражувањето спроведено од Универзитетскиот колеџ во Лондон на над 13.000 возрасни Американци.

Полифенолите што се наоѓаат во темното чоколадо можат да дејствуваат како засилувачи на расположението. За разлика од млечното чоколадо кое содржи помалку какао, а со тоа и помалку полифеноли, консумирањето темно чоколадо може позитивно да влијае врз стресот.

Минатата година Универзитетот во Сеул, Јужна Кореја, исто така откри дека дневната доза чоколадо што содржи 85 отсто какао е поврзана со подобро расположение. Наодите ја нагласија важноста на врската помеѓу мозокот и цревната флора.

Чоколадото може да нè заштити од УВ-зраците

Не грижете се, никој не препорачува да се мачкате со стопено темно чоколадо наместо со крем за сончање. Но, во 2021 година научниците од Мадридскиот институт за наука, технологија и исхрана прегледале различни студии за какао-флавонолите и здравјето на луѓето од изминатите две децении.


Извор: Malaymail.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот