X
 01.02.2024 Живот

Видео покажува како црноока лигна влече илјадници јајца низ океанот

Океанот е полн со суштества за кои допрва треба да учиме. На пример, дали знаете дека лигните лежат над нивните јајца? Но, наместо да седат на нив како кокошките, тие пливаат низ океанот носејќи ги.

Токму ова уникатно однесување било снимено од тимот од Океанскиот институт Шмит.

Суштеството на видеото е црноока лигна, еден од ретките видови лигни за кои е познато дека го покажуваат ова однесување. Од нејзините раце виси долга лента слична на крпа, која всушност е маса што содржи близу 3.000 јајца.

 
- Големата маса на јајца излегува од канџите на лигната и додека ја носи неколку месеци, таа останува без јадење - опишува тимот на Океанскиот институт.

Видеото е направено на брегот на Костарика, каде што лигната може да се најде на длабочина од 1.900 метри.

Долги години морските биолози сметаа дека лигните ги несат јајцата во кластери на морското дно, кои потоа се развиваат и се изведуваат независно. Дури во 2001 година Бред Зајбел, постдокторски соработник во Институтот за истражување на аквариумот во Монтереј Беј, го забележал ваквото однесување со помош на далечински управувана подводна машина, што го променило она што се знаело за овие лигни. Сега ова видео ќе им помогне на научниците да дознаат повеќе за овие животни.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот