X
 01.03.2024 Живот

Истражувајте ја површината на Марс со снимки од НАСА во 4К-резолуција

Вселенските ентузијасти долго време сонуваат да го истражуваат Марс. Денес сме поблиску од кога било до остварувањето на овој сон.

Една од главните цели на мисијата „Артемис“ на НАСА е да се воспостави постојана база на Месечината која ќе ги олесни човечките мисии на Црвената Планета. Со малку среќа, ова може да се случи во наредната деценија. Засега можеме само да си замислиме како шетаме по површината на Марс благодарение на краткиот филм направен од „Елдерфокс докјументарис“, користејќи снимки со висока резолуција направени од роверите на НАСА.

Со спојување на овие снимки, „Елдерфокс докјументарис“ направи интересно видео во кое нуди обиколка на Црвената Планета.

Од високи планини до правливи долини, видеото ги доловува различните аспекти на топографијата на Марс. Квалитетот на снимката овозможува речиси неверојатно искуство.

Фактот што овие слики се толку лесно достапни е доказ за научниот напредок во истражувањето на вселената и сè што допрва треба да дојде.

- Додека гледачите се потопуваат во ова искуство на Марс, тие се потсетуваат на значењето на овие моменти во историјата на вселената - пишува „Елдер Фокс“.

 

Извор: Mymodernmet.com
Фото: NASA/JPL-Caltech/ASU/MSSS
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот