X
 01.07.2023 Технологија

Алгоритам на „Гугл“ може да препознае срцеви заболувања со фотографии од окото

Сундар Пичаи, главен извршен директор на „Гугл“, неодамна откри дека вештачката интелигенција на компанијата може да помогне во откривање на кардиоваскуларни проблеми преку скенирање на окото. Со тоа би можеле да се заменат многу традиционални методи за дијагноза.

„Гугл“ соработува со очната болница „Аравинд“ веќе неколку години во создавање на автоматизирана алатка која открива дијабетична ретинопатија. Алгоритмот може да препознава знаци на болеста и да направи дијагноза за само неколку секунди. Се очекува алатката наскоро да ги добие сите одобренија за да може да се користи.

Тоа не се единствените способности на вештачката интелигенција на „Гугл“. Порано годинава, компанијата претставила алгоритам кој може да предвиди дали постои ризик од срцев удар во следните пет години врз основа на фотографии од окото на пациентот. Компанијата го тестирала алгоритмот за предвидување кардиоваскуларни болести со машинско учење.

Во тестирањето, алгоритмот можел да предвиди смрт од кардиоваскуларни проблеми во следните пет години во 70 отсто од случаите. Често користен метод за предвидување можност од смрт поради кардиоваскуларен проблем со тест на крвта предвидува со точност од 72 отсто. Тоа значи дека вештачката интелигенција на „Гугл“ може да препознае кардиоваскуларен проблем со речиси иста точност како и тест на крвта.

Потенцијалната примена на новата технологија во медицината е неограничена. Пациентите би можеле да направат фотографија од окото, да ја прикачат и да добијат брза дијагноза на целокупното здравје.


Извор: Your story
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија