X
 01.09.2020 Живот

Рајски острови се отвораат само за луѓе што прележале коронавирус

Тиркизна вода, плажи со златен песок, делфини што мирно си пливаат... Архипелагот Фернандо де Нороња, во близина на Бразил, е една од најубавите дестинации во светот, а сега повторно е отворена за туристите - но со неочекуван услов. Можете да го посетите само ако веќе сте прележале Ковид-19.

Фернандо де Нороња е дом на Баја до Санчо, плажа која „Трип адвајзор“ ја прогласи за најдобра според изборот на патниците.

- За да слета на архипелагот, туристот ќе треба да покаже позитивен ПЦР-тест, стар најмалку 20 дена, или резултат од серолошки тест на кој се прикажува присуството на антитела против Ковид-19 - истакна Гилерме Роча, администратор на архипелагот.

Роча не објасни зошто Бразил ќе прима само туристи што ја прележале болеста.

View this post on Instagram

Bom dia 🙏

A post shared by Fernando de Noronha (@fernandodenoronha) on


ПЦР-тестот покажува дали некој го прележал вирусот, додека серолошкиот тест покажува дали телото веќе развило антитела за коронавирусот.

Фернандо де Нороња, група од 21 вулкански остров, беше затворен за туристи од средината на март поради пандемијата. На 31 јули се отвори само за луѓето што имаат домови таму и за локални истражувачи.

Архипелагот е национален парк и е една од најпосетуваните туристички атракции во Бразил. Минатата година го посетиле 106.000 туристи, а 90 отсто од нив биле Бразилци.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот