X
 01.09.2023 Живот

Нова сезонска авиолинија Скопје - Рига од мај

Водечката авиокомпанија на Балтикот, летонската „Ер Балтик“, од следната летна сезона ќе воведе авиолинија на релација Скопје–Рига–Скопје, соопшти денеска ТАВ Аеродроми.

Македонскиот главен град Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Летонија, два пати неделно, од 3 мај до 30 септември 2024.

- Воведувањето нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на „Ер Балтик“ како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во Балтичкиот Регион, и Скопје и Балканскиот Регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство - вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб-страницата www.airbaltic.com со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.

Фото: ТАВ Македонија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот