X
 01.12.2022 Живот

Енергија од отпад и нејзиното искористување

Употребата на отпадот како гориво преку согорување ги заменува фосилните горива. Максималното искористување на сегашните капацитети за енергија од отпад значително би помогнало во намалувањето на потребата од дополнителни инвестиции во нови постројки за искористување на отпад.

Цементната индустрија во Европа нуди решение врз основа на принципот „од отпад до енергија“ благодарение на согорувањето. Согорувањето претставува процес во кој отпадот се употребува како енергент или суровина. Употребата на отпадот како гориво преку согорување ги заменува фосилните горива, како што се јаглен, нафта и гас, додека пак отпадот како суровина може да се употреби како замена за природните минерални ресурси при некои технолошки процеси.
Во 2018 година, 52% од потребната енергија во цементната индустрија во Европа била добиена преку согорување на конвенционални фосилни горива, а останатите 48% биле добиени со помош на алтернативни горива добиени од отпад. Врз основа на студијата наречена „Статус и перспектива на согорување на отпад во фабриките за цемент во ЕУ“, пресметано е дека во овој сектор горивата добиени со преработка на отпад, на среден рок може да задоволат до 60% од вкупните потреби за енергија. Во иднина, постои потенцијал нивниот удел да порасне и до 95%.



Максималното искористување на сегашните капацитети за енергија од отпад значително би помогнало во намалување на потребата од дополнителни инвестиции во нови постројки од ваков тип. Имено, само во рамките на ЕУ, земјите членки би можеле да заштедат вкупно 12,2 милијарди евра преку користење на постојните капацитети во цементната индустрија. Оваа сума на средства приближно соодветствува со потребната за изградба на нови инсенератори за отпад.
Европската комисија има испратено комуникација до Европскиот парламент (The role of waste-to-energy in the circular economy) што подобро ја претставува можноста за добивање енергија од отпад што не може да се реупотреби или рециклира. Овој документ објаснува дека согорувањето во цементната индустрија соодветствува на принципот „енергија од отпад“. Дополнително, на земјите членки на ЕУ што немаат соодветни капацитети за безбедно согорување отпад и имаат висок процент на негово депонирање им се препорачува максимално искористување на капацитетите на цементните фабрики за оваа намена.


Моментално најголема пречка за зголемување на употребата на алтернативните горива добиени од отпад во цементната индустрија не претставуваат техничките или економските фактори, туку нивната популарност во јавноста.

Извор: https://cembureau.eu/policy-focus/environment/waste-to-energy/

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот