X
 21.04.2024 Наука

Слушнете го првиот „разговор“ помеѓу научници и кит

Научниците тврдат дека успеале да го извршат првиот „разговор“ со кит.

Тимот од Институтот СЕТИ и Универзитетот во Калифорнија „разговарал“ со 38-годишен грбав кит именуван Твен, во близина на брегот на Алјаска. Тие користеле подводен микрофон за да испратат повици до китот, а китот активно учествувал во комуникацијата.

Одговорите биле анализирани од вештачка интелигенција, откривајќи дека Твен веројатно споделил поздрав со тимот на бродот во Тихиот Океан.

Научниците се надеваат дека еден ден ова искуство ќе им овозможи да разговараат со вонземјани.



Извор: ВВС
Фото: ВВС/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука