X
 02.03.2024 Здравје

Скршеница на љубовникот - симптоми и третман

Кога ќе слушнете „скршеница на љубовникот“, веднаш помислувате на синдром на скршено срце или нешто поврзано со раскинување.

Но, во овој случај се работи за нешто сосема поинакво. Тоа е, всушност, фрактура на најголемата коска во вашата пета, калканеусот (или во народот позната како петна коска поради локализацијата и големината). Се смета дека овие термини се нарекуваат и „скршеница на Дон Жуан“ од добропознатото сценарио каде што љубовникот ја крши петата како резултат на скокање од балкон, избегнувајќи го сопругот на љубовницата.

Скршениците на љубовникот се исто болни како што звучат и обично се резултат на високоенергетска траума, како што се сообраќајни несреќи или, пак, паѓање од голема височина.

Добивањето соодветен третман е клучно за успешно закрепнување. Затоа, овие фрактури може да бидат многу сериозни бидејќи внатрешната област каде што настанала скршеницата може да се фрагментира на повеќе парчиња, што го отежнува закрепнувањето, особено за луѓето кои имаат ослабени коски од остеопороза.

Видови скршеници

Калканеусот е сложена структура и е поврзан со зглобовите и сврзните ткива на стапалото, а видот на фрактурата може да ги диктира и тежината и сериозноста на повредата.

- Интраартикуларните(во-зглобни) фрактури ги зафаќаат зглобовите и се најтешкиот тип, кој обично вклучува и оштетување на 'рскавицата и сврзните ткива помеѓу коските.

-Екстра-артикуларните(вонзглобни) фрактури не ги зафаќаат зглобовите, но може да резултираат со отцепување на тетивите или лигаментите на коската, односно нивна дестабилизација.

Без разлика каков тип скршеница имате, важно е веднаш да побарате помош од стручно медицинско лице за да се минимизираат оштетувањата и побрзо да се намали болката.

Симптомите може да вклучуваат:
-Болка
-Модринки
-Оток
-Деформитет

Опциите за третман на фрактурите во голема мера се разликуваат во зависност од тежината и состојбата.

-Нехируршките третмани може да вклучуваат имобилизирање на стапалото во гипс или следење на протоколот RICE (Rest, Ice, Compression,Elevation).

За посериозните случаи, хируршката поправка е најдобрата можна опција. Фрактурите на љубовникот може да доведат до долготрајни последици како артритис, ограничено движење, па дури и да ја скратат должината на петата на повреденото стапало. По 6 недели од оперативен третман, потребно е да се обезбеди соодветна физикална терапија и приспособени ортопедски помагала за да го поддржат и олеснат закрепнувањето.

Автор: д-р Корнелија Ѓорѓиеска, лиценциран доктор по општа медицина

Издвојуваме

Здравје