X
 02.04.2023 Култура

Објавена листа со најдобрите анимирани серии на сите времиња

Веб-страницата „Индивајр“ неодамна објави листа со 70 најдобри анимирани серии на сите времиња.

На листата може да се видат анимирани серии од различни жанрови, а на врвот е серијата „Боџек Хорсмен“ (BoJack Horseman), во продукција на „Нетфликс“. Станува збор за сатирична серија која го прикажува животот на ѕвездите во Холивуд. Таа се емитуваше од 2014 до 2020 година, а имаше пет сезони. Главниот лик е Боџек Хорсмен, кој е претставен како глумец на серија од 90-тите години кој живее на стара слава.


На второто место е култната анимирана серија „Симпсонови“, чија популарност не стивнува и по 34 години од првата епизода. На трето место се наоѓа сатиричната серија „Арчер“ (Archer).





Целата листа може да ја видите овде.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура