X
 02.06.2023 Забава

Еве што најмногу ги нервира жителите на европските земји

На инстаграм-профилот „Dalmatian mapper“ неодамна се појави мапа на Европа која покажува што ги нервира жителите на секоја европска земја.

- Како да изнервирате Европејци. Ве молам, не навредувајте се со оваа мапа, станува збор за шега - пишува администраторот на инстаграм-профилот.

Според оваа карта, Македонците ги нервира споредбата со Бугарите, Хрватите ги нервира споменувањето на Југославија, Србите ги нервира Косово, а Словенија мешањето со Словачка. На Црногорците им пречи тоа што се поистоветуваат со Србите, додека на подрачјето на Босна и Херцеговина е претставен бурек.

- За Босна и Херцеговина нервозата е околу бурекот со сирење - објаснува администраторот во коментар.

- Тие мислат дека бурекот може да биде само со месо, па ако во Сараево кажете бурек со сирење, ќе имате проблем - се пошегува администраторот.


Извор: 6yka.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава