X
 28.01.2024 Економија

Европејците работат сѐ помалку

Европејците работат сѐ помалку, покажува студијата објавена од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Намалувањето на работните часови е поизразено за мажите.

Вкупниот број работни часови во Европа и вработеноста се вратија на нивото од пред пандемијата, но просечниот број на работни часови по лице сè уште опаѓа, велат авторите на студијата „Анализа на падот на просечниот број работни часови во Европа“.

Просечното работно време по вработен во Европа е нешто под 37 часа неделно, а мажите сè уште работат нешто повеќе од жените бидејќи поминуваат 39,9 часа неделно на работа, а жените 34,7 часа.

Овој наод е изненадувачки конзистентен во сите европски земји, според студијата на ММФ. Родовиот јаз во бројот на работни часови се намалува, како и родовиот јаз во стапката на вработеност, се заклучува во студијата.

Извор: b92
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија