X
 02.08.2021 Живот

Ова се земјите што имаат најголеми шанси да преживеат колапс на цивилизацијата

Ново истражување покажува дека за неколку децении може да дојде до крај на цивилизацијата како резултат од еколошкото уништување, ограничените ресурси и растот на населението. Климатските промени само ја влошуваат ситуацијата, пишува „Скај њуз“.

Можниот колапс на цивилизацијата би бил резултат на распаѓањето на синџирите за снабдување, меѓународните договори и глобалните финансиски структури, се вели во истражување спроведено од научници на Универзитетот „Англија Рускин“. Според нив, проблемите брзо би се зголемиле поради меѓусебната поврзаност и економска зависност на државите.

Во истражувањето била направена анализа на 20 држави за да се идентификува нивната способност да ја задржат цивилизацијата во случај на глобален колапс. Нов Зеланд е на врвот на листата, по што следуваат Исланд, Обединетото Кралство, Ирска и Австралија.


Фото: Нов Зеланд/Pixabay

Овие држави се острови или островски континенти во кои има помалку екстремни временски услови. Овие земји би можеле да имаат услови за преживување во иднина и покрај ефектите на климатските промени, според истражувачите.

Нов Зеланд може да произведува геотермална и хидроелектрична енергија, има земја што може да се користи за производство на храна и не е густо населена.

Според истражувачите, климатските промени и движењето на населението може да ги диктираат промените на предвидувањата за иднината. Пандемиите се уште еден ризик за стабилноста на цивилизацијата, според нив.

Извор: Sky News
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот