X
 02.11.2019 Живот

Селдо освои второ место на првиот натпревар за Македонија


Европскиот шампион во уметничко лизгање, Селдин Салиу освои второ место на меѓународниот натпревар во италијанскиот град Мерано. Ова беше прв настап за Македонската федерацијата на лизгачки спортови. Досега ја претставуваше Италија.

Петнаесетгодишниот Селдин Салиу од дебарско Требиште, е шампион во уметничко лизгање на Италија и европски шампион во категорија кадети. Селдо, како што го викаат најблиските, ни изјави дека е пресреќен што стана стана дел од Македонската федерација на лизгачки спортови и дека конечно ќе лизга на мразот за македонската репрезентација.


Досега учествувал на 44 натпревари во различни категории во Италија и странство. Дури 18 пати бил прво место, 10 пати второ и 5 пати трето. Има и 11 медали. Во февруари 2015 станал регионален шампион на Венето. А во 2017 година станал национален шампион во категоријата кадети на Купот во Торино.

Подготвил: М.А.М

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот