X
 02.11.2023 Живот

Шпаркасе Банка во соработка со Visa со нова CASHBACK кампања

Шпаркасе Банка во соработка со Visa почнувајќи од 1 ноември започна со „VIBE ON-CASHBACK“ кампањата, со која се најавуваат нови привилегии за корисниците на пакетот за млади. Во следните три месеци корисниците на „Vibe on“ картичките имаат можност да добијат поврат на средства на нивната трансакциска сметка.

Квалификувани за учество во кампањата се сите активни корисници на „Vibe on“ пакетот, а најбрзите 3.000 корисници кои во период од 1.11.2023 до 31.01.2024 ќе направат 10 продажни трансакции со „Vibe on“ платежната картичка на Шпаркасе Банка во вкупна вредност од 2.000 денари, ќе добијат еднократен поврат на парични средства во вредност од 500 денари на нивната трансакциска сметка.
Секој учесник во кампањата има право да добие само еднаш поврат на средства.

Ова е одлична можност за студентите и младите активни корисници на „Vibe on“ пакетот да добијат дополнителен прилив од 500 денари и средствата да ги искористат за свои потреби.

Шпаркасе Банка ја потврдува заложбата за инвестирање во студентите и младите. На денешната младина и е потребна финансиска слобода и енергичен начин на живот за да ги остварат своите цели. Со „Vibe on“ пакетот за млади, отворање и користење на трансакциска сметка, ги мотивираме студентите и младите самостојно да управуваат со сопствените финансии и да создадат здрави финансиски навики, за одговорно финансиско делување во иднина.

Движете се во одличен „Vibe on“ ритам, плаќајте и добијте еднократен поврат од 500 денари на вашата трансакциска сметка!

Верувајте во иднината затоа што Шпаркасе Банка верува во вас!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот