X
 02.12.2023 Култура

Приказната за една од најубавите божиќни песни на сите времиња - била напишана поради облог

На 30 ноември почина Шејн Мекгован, фронтменот на групата „Д Поугс“, која ја испеа една од најубавите божиќни песни на сите времиња. Станува збор за безвремениот хит „Fairytale of New York“, кој и по 36 години се наоѓа на листата со најдобрите божиќни песни испеани некогаш.

Песната всушност не е за снег, борба со топки, подароци и заедништво - оваа моќна песна е за изгубената младост и уништените соништа, за жестоката расправија меѓу двајца луѓе и за реалноста на животот која ни божиќните светилки не можат да ја осветлат.

Текстот на песната го напишале Шејн Мекгован и Џем Фајнер, а заедно со Шејн ја отпеа и трагично починатата музичарка Кирсти Мекол. Класичната балада во ирски стил била објавена на 23 ноември 1987 година.

На самиот почеток, никој не мислел дека опеаната бајка ќе доживее толкава популарност, а на крајот ги надживеа оние што ја создадоа.

Бендот ја „средувал“ песната две години, а историјата вели дека била родена од облог. Всушност, на членовите на бендот не им се допаднала ниту една од божиќните песни во тоа време, а продуцентот Елвис Костело еднаш му рекол на Мекгован дека не може да направи песна-дует што би звучела како божиќна песна.

Во облогот се вклучил и Фајнер, кој ја создал мелодијата, а насловот на песната го зеле од истоимениот роман напишан во 1973 година. Фајнер прво се обидел да напише песна за морнар на кој му недостига неговата сопруга, но неговата сопруга ја отфрлила таа идеја.

Тогаш Фајнер ѝ рекол на сопругата сама да смисли некаква идеја, а таа му предложила песната да пее за пар кој поминувал низ тешки времиња и на крајот ќе дојде до искушенија. Токму сопругата на Фајнер го поставила „костурот“ на оваа песна, која всушност била вистинска приказна за животот на нивните пријатели од Њујорк.

По многу контроверзии и цензурирање на некои делови од песната, „Fairytale of New York“ на крајот стана најслушаната божиќна песна во 21 век и најчестиот одговор на прашањето: Која е најубавата божиќна песна на сите времиња?

 

Извор: Zadovoljna.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура