X
 03.01.2017 Технологија

На „Фејсбук“ не смеете да ги правите овие нешта

Најголем дел од корисниците на популарната социјална мрежа сакаат со своите активности да остават добар впечаток и да ги привлечат симпатиите на другите корисници. Но, на овој начин често прават погрешни избори.

Еве шест работи кои треба да ги избегнувате, ако не сакате да ги изгубите пријателите на „Фејсбук“.

1. Споделување на премногу фотографии

Истражувањата покажаа дека поставувањето на голем број на фотографии на профилот може негативно да влијае на односите во реалниот живот. „Ова е затоа што луѓето кои не се блиски роднини и пријатели, не прифаќаат луѓе кои имаат постојана потреба да ги споделуваат своите фотографии“- вели авторот на студијата, доктор Дејвид Хјухтон од Бизнис школата во Бирмингем.

2. Премалку или премногу пријатели на „Фејсбук“

Едно истражување спроведено во 2008 година покажа дека идеален број на пријатели на оваа социјална мрежа е 300. Испитаниците кои учествувале во студијата, најниска оценка им дале на корисниците со фејсбук-профил, кои имале стотина пријатели, а речиси толку лоша оценка добиле и оние кои имале повеќе од 300 пријатели. Зошто не е добро да се има и премногу пријатели? Авторите на студијата изразиле сомневање дека корисникот со голем број на пријатели  може да има повеќе пријатели од очај отколку од популарност.

профил
Фото: Freepik

3. Презентирање на интимни детали

Износот на информации од претходната љубовна врска воопшто не се пожелни, предупредуваат психолозите. Треба да се знае да се издвои што е премногу лично, а што не е за поширок круг на луѓе. Една студија предводена од Сузан Шпрехер од Американскиот универзитет во Илиноис вели дека, кога станува збор за споделување на детали од животот, прифатливо е да се откријат детали за своето хоби или драги спомени од детството. Таквите црти од животот ќе остават впечаток дека корисникот е топла и симпатична личност.

4. Барате од некој да ви открие она за кое вие не сакате да се изјасните

Никогаш не барајте некој да ви кажува она што ниту вие не сакате да го споделите со другите. Една студија од страна на Сузан Шпрехер укажува дека блискоста мора да биде взаемна.

5. Објавување на чудни фотографии на профилот

Избегнувајте да објавувате фотографии како за лични документи, бидејќи таквите фотографии на профилот не се ниту најмалку атрактивни.

6. Криење на емоции

Истражувањата покажуваат дека оние кои на „Фејсбук“и сокриваат емоциите освојуваат помалку симпатии од оние кои не се двоумат тоа да го покажат.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија