X
 03.02.2024 Живот

Кои се најпаметните животни на планетата?

Невропсихијатарот Џон Лифи направи листа со животни кои се издвојуваат по својата интелигенција, со што разби многу предрасуди за животинското царство.

Неговата листа опфаќа широк спектар на животни, од оние што веќе се познати по нивната интелигенција до оние чии способности веројатно ќе ве изненадат.

На врвот на листата се пчелите, кои Лифи ги фали поради нивната извонредна меморија и способноста за решавање проблеми, а и поради нивните инженерски способности за создавање сложени структури за складирање мед. Октоподите, исто така, се познати по нивната приспособливост, учење и комуникација, покажувајќи извонреден капацитет за имитација.

Слоновите се познати по нивната легендарна меморија, способноста да се сеќаваат на пријателите и непријателите со децении, како и нивната уметничка експресивност и софистицирана комуникација. Мравките импресионираат со нивната тимска игра и напредно земјоделство, одгледувајќи габи долго време пред луѓето да го воспостават земјоделството.

delfini
Фото: Freepik

Делфините воодушевуваат со нивната напредна комуникација, социјалните вештини и интелигенцијата, додека враните покажуваат извонредна самосвест, способност за броење и разбирање сложени принципи како што е законот на Архимед.

Какадуата се издвојуваат по својата љубопитност и способност да решаваат комплицирани загатки, додека гуштерите, иако честопати се потценуваат, покажуваат изненадувачки капацитет за учење и меморија. Кучињата, како најверни пријатели на човекот, покажуваат исклучителна способност за разбирање на човечкиот јазик и креативност во задачите, додека китовите ја затвораат листата со сложените техники за комуникација и лов.

Оваа листа на Џон Лифи не е само показател за неверојатната разновидност на интелигенција во животинскиот свет, туку и потсетник за тоа уште колку имаме да учиме за суштествата со кои ја делиме нашата планета.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот