X
 03.03.2023 Живот

Весели гробишта во Романија - смртта претставува почеток на подобар живот

Повеќето луѓе ги поврзуваат гробиштата со тажно место каде што почиваат најблиските. Сепак, на границата на Романија со Украина има едно мало место каде што се наоѓаат веселите гробишта Шапанц. Причината за името на ова село лежи во тоа што грбовите со сини крстови се украсени со цртежи и хумористични натписи поврзани со животот на покојниот.

На гробот на Стан Џоан Патраш стои натпис кој објаснува како тој дошол до идеја да ги изгради овие уникатни гробишта по Втората светска војна. Овој локален занаетчија дошол до брилијантна идеја да резба натписи и цртежи на крстовите што ги нарачале неговите соседи за погребите на најблиските, бидејќи верувал дека смртта е почеток на нов и подобар живот. Така, идејата наишла на одобрување од жителите на градот и тој успеал да направи вкупно 700 крста до неговата смрт во 1977 година.


Традицијата ја продолжил еден од неговите ученици, Думитриј Поп, кој сѐ уште живее во куќата на својот учител и остана верен на оригиналниот стил. За него, Веселите гробишта не се обични гробишта бидејќи многу епитафи што може да се прочитаат таму нудат вистински лекции за животот, слични на басни.


Спомениците најчесто се направени од дабово дрво, а стандардот што мора да го исполнуваат е „покривот“ над крстот. Подолу има цртежи со мотиви од животот на покојниот, а во некои случаи се поврзани и со неговата смрт или лик. По правило, рабовите се украсени со геометриски мотиви во светли бои, додека остатокот е обоен во сина боја бидејќи е симбол на надеж и слобода. И конечно, споменикот не може да биде целосен ако не содржи хумористична песна од 7 до 17 стиха, напишана во прво лице на марамурешки дијалект.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот