X
 03.04.2024 Живот

Предмет од Меѓународната вселенска станица паднал во куќа на Флорида

Предмет од Вселената, поточно најверојатно од Меѓународната вселенска станица - МВС, паднал врз семејна куќа на Флорида, пробивајќи го покривот и два ката.

Се работи за парче вселенско-орбитална опрема, веројатно дел од батерија што отпаднал од МВС, како што се верува, т.е. од земјината орбита „залутал“ во атмосферата на Земјата, навлегувајќи во воздушниот простор над Мексиканскиот Залив. Неколку минути подоцна завршил во куќа во Нејплс, Флорида, САД. Астрономот Џонатан Мекдауел објави фотографии од објектот што се забил во приватната куќа. Во несреќата нема повредени.

Сопственикот на оштетената куќа во мигот на несреќата бил на годишен одмор, но во куќата бил неговиот син кој му се јавил и го известил за настанатата штета.

Веста за кусо време стигнала до НАСА, чии претставници го презеле предметот заради анализа и утврдување на неговото потекло. Тој сега се чува и се испитува во Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот