X
 03.08.2023 Живот

Си ги затнува ушите кога одиме на доктор, кога ќе види непознат или кога гледа ТВ. Докторот ни рече дека е исплашена од нешто, што да направам?

Мојата ќерка ќе полни две години, но сѐ уште не зборува, освен понекој збор. Многу е нервозна, многу вреска и писка. Разбира кога ќе ѝ кажеш наредби и ги извршува, се врти кога ќе ја викнеш по име. Ме загрижува тоа што многу често се држи за ушите, си ги затнува кога одиме на доктор, кога ќе види некој непознат или кога гледа ТВ. Ја носевме на ушно и докторот ни рече дека е многу исплашена од нешто, па за тоа така прави. Исто така, ја носевме и на психолог, но ни рече дека сѐ уште е мала за точна дијагноза. Таа мисли дека има доцнење во развојот, а да напоменам, мислам дека е исплашена од тоа што лежевме во болница кога доби бронхитис, а досега три пати лежеше во болница и нонстоп е по доктори. Ве молам за совет што и како понатаму.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот