X
 03.11.2019 Живот

Катар толку се загрева, што властите мора да ги разладуваат улиците

Доколку се одлучите напладне да излезете на улиците на Доха, главниот град на Катар, очекувајте дека за 15 минути ќе се стопите на температура од 48 степени. Влијанието на климатските промени продолжува да зема замав, па така државите од Блискиот Исток се соочуваат со сè повисоки температури.

Катар веќе почнал да поставува климатски уреди на многу отворени простори, вклучувајќи и трговски на отворено, спортски стадиони, шеталишта и паркови. Еден од најамбициозните проекти беше вградување клима-уреди на неодамна изградениот стадион „Ал Јаноуб“, кој во 2020 година ќе собере повеќе од 40.000 фудбалски навивачи на Светското првенство.

- Ако се исклучи клима-уредот, станува неподносливо. Не можете да функционирате ефикасно - вели Јусеф ал-Хор, основач на Заливската организација за истражување и развој.

катар
Фото: Shutterstock


Катар веќе некое време ги чувствува последиците од климатските промени. Температурите во оваа држава пораснаа за повеќе од 2 Целзиусови степени во споредба со прединдустриските времиња, што според меѓународните стандарди е максимум за да не дојде до катастрофални последици.

Но, разладувањето на отворениот простор дополнително придонесува за забрзување на магичниот круг бидејќи електричната енергија со која се напојуваат овие уреди се добива од фосилни горива, кои пак во атмосферата ослободуваат уште повеќе јаглероден диоксид, што предизвикува климатски промени и глобално затоплување.

Инаку, Катар е земја што емитува најмногу гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина по глава на жител. Според податоците од Светска банка, речиси трипати повеќе од Америка и шестпати повеќе од Кина. Освен тоа, околу 60 отсто од вкупната електрична енергија во Катар се користат за ладење. Истовремено, климатизацијата чини помалку од 10 отсто од трошењето електрична енергија во Кина или во Индија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот