X
 04.05.2023 Живот

Зошто луѓето сѐ почесто додаваат сол во кафето?

Повеќето луѓе ставаат шеќер во кафето за да ја намалат неговата горчина. Меѓутоа, трик кој кружи на социјалните мрежи предложува додавање малку сол наместо шеќер во кафето. Се чини дека солта ја намалува горчината на кафето и го подобрува вкусот на пијалакот.

Доколку идејата ви звучи чудно, треба да знаете дека таа е поддржана од науката. Со децении е познато дека натриум хлоридот, односно солта, е екстремно ефикасен во намалувањето на горчината во кафето и други пијалаци и оброци. Со намалување на горчината, солта овозможува да се почувствуваат другите вкусови во храната, според научниците.


Фото: Pixabay

Истражување од 1995 покажало дека солта ја намалува горчината, но истото не се случува во другата насока, односно горчливите состојки не ја намалуваат соленоста во оброците.

Затоа, доколку не сакате да бидете слатко кафе, а тоа ви е премногу горчливо, обидете се да ставите малку сол во него.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот