X
 04.08.2023 Наука

„Џејмс Веб“ фотографира голем прашалник во вселената

Телескопот „Џејмс Веб“ продолжува со нови неверојатни откритија. Овојпат, тој откри прашалник во вселената.

Тимот кој работи на телескопот во Европската вселенска агенција објавил фотографија во која се гледаат две млади ѕвезди кои се формираат на оддалеченост од 1.470 светлосни години од Земјата. На фотографијата, под ѕвездите, може да се види нешто што наликува на голем прашалник.

Не е јасно што претставува ова вселенско тело, но научниците претпоставуваат дека веројатно станува збор за далечна галаксија или повеќе галаксии. Бојата на вселенското тело на фотографијата им покажува на научниците дека за што и да станува збор, веројатно е многу далеку и веројатно за првпат се забележува од телескоп.


Извор: Space
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука