X
 04.10.2023 Култура

Бредли Купер станувал во 1 часот наутро и 5 часа го шминкале за снимањето на „Маестро“

Актерот Бредли Купер ги водел сите на снимањето на филмот „Маестро“ како оркестар, а сето тоа додека носел шминка и простетика која се поставувала дури пет часа.

Според наградениот шминкер Казу Хиро, кој го трансформирал актерот во познатиот композитор Леонард Бернштајн за претстојниот филм, Купер започнувал со работа порано од планираното.

- Во последната сцена тој беше покриен речиси секаде, дури и по телото и рацете. Тоа одзема над пет часа - вели Хиро.

Според него, најтешко било трансформирањето на Купер во Бернштајн на над 70-годишна возраст. Тогаш тимот се будел во 1 часот наутро. Купер сакал неговата шминка да биде завршена пред да пристигнат другите актери за да може ја намести сцената и да се појави пред сите како композиторот, открива Хиро.

Времето што Купер го поминувал на шминкање се разликувало во однос на сцената, па така биле потребни два и пол часа за тој да се претвори во Бернштајн кога бил во дваесеттите години. Другите фази од животот на Бернштајн одземале помеѓу два и три часа, открива Хиро.

„Маестро“ ќе се прикажува во мал број кина на 22 ноември, а ќе пристигне на „Нетфликс“ на 20 декември.


Извор: EW
Насловна фотографија: Youtube (printscreen) 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура