X
 05.01.2024 Култура

Нов филм ја раскажува приказната за една од најстрашните авионски несреќи во историјата

На „Нетфликс“ излезе филмот „Општество на снегот“ (Society of the snow), кој ја раскажува приказната за една од најпознатите авионски несреќи и страшните настани што следувале откако авионот се срушил на Андите во 1972 година.

Авионот летал од Уругвај до Чиле и го носел тимот за рагби на Уругвај на натпревар. Тој се срушил на Андите, а 29 патници од вкупно 45 го преживеале падот. Она што следувало е приказна во која е тешко да се верува.

По долгата потрага по авионот, таа била откажана и патниците биле прогласени за мртви. По по речиси два и пол месеца биле спасени 16 патници. Што се случувало со преживеаните патници цели 72 дена додека биле сами на Андите?

Преживеаните патници морале да преземаат ригорозни мерки за да останат живи. Температурите на планината стигнуваат и до -40 Целзиусови степени, а меѓу мерките што биле преземани се вклучува и канибализмот.

Филмот е раскажан од перспективата на еден играч, а базиран е на истоимената книга од 2008 година. Книгата била напишана од пријател на преживеаниот играч.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Netflix
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура