X
 05.02.2019 Живот

Облакодер во форма на отпечаток од прст на шеикот Мохамед бин Рашид

Престолнината со супервисоки облакодери, Дубаи, наскоро ќе добие уште еден таков грандиозен објект.

Државната инвестициска компанија „Дубаи холдинг“ објави детали за градежниот мегапроект, кој ќе вклучува кула од 550 метри.

Кулата, наречена Бурџ Џумеира, ќе биде сместена во областа Ал Суфоух во Дубаи во близина на Бурџ Ал Араб.

Плановите покажуваат дека кулата ќе биде опколена со мешовита, станбена и комерцијална зона наречена Даунтаун Џумеира.

Изградбата ќе почне веднаш, се наведува во соопштението на компанијата, а првата фаза ќе биде завршена во 2023 година.

Дизајнот на Бурџ Џумеира е инспириран од песочните дини и оази. Всушност, облакодерот ќе биде голем видиковец од кој ќе се гледа целиот град, а на самиот врв, во т.н. Круна, ќе има ресторан и лаунџ-бар.

Можеби најважната карактеристика на кулата е нејзината база, дизајнирана во облик на отпечаток од прст на шеикот Мохамед бин Рашид. Постојат планови за амфитеатар, кој ќе се наоѓа во рамките на отпечатокот на прстот за културни настани, како и за фонтана.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот