X
 05.03.2023 Живот

Веб-страници со кои лесно може да направите професионална биографија

Можеби не сте задоволни од вашата моментална работа и сте подготвени да се обидете со нешто ново. Секоја чест, потребна е храброст да се направи тоа. За да се осигурите дека ќе ја добиете новата работа, треба да имате добра професионална биографија. Следните три веб-страници се едноставни и вклучуваат шаблони на професионални биографии во кои можете да промените сè, а не морате.

„Енханси-ви“ (Enhancv)

На оваа веб-страница, без никакво искуство во графичкиот дизајн, можете да направите биографија која ќе изгледа професионално и која ќе сакате да им ја покажете на други луѓе освен на вашите идни работодавци. Недостаток? Цената е 10,99 евра месечно, но ако ви обезбеди нова работа со зголемување на платата, вреди секој цент.

„Резуме“ (Resume)

Станува збор за бесплатна опција, и тоа многу едноставна. Избирате шаблони, додавате сопствено искуство и го добивате готовиот документ.

„Канва“ (Canva)

Оваа веб-страница ја користат научници, дизајнери за брзи скици, медиумски компании, студенти, сите... Сè е едноставно, а шаблоните доаѓаат на помош. Вие ја избирате омилената, ги пополнувате празните места и тоа е тоа. Се разбира, можете бескрајно да менувате фонтови, бои, икони, но тоа најчесто не е потребно.

Основната верзија на „Канва“ е бесплатна и со неа можете да постигнете многу, но можете да користите дополнителни функции за 12,99 долари месечно.

Извор: Idesh
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот