X
 05.04.2020 Живот

Заразените со коронавирус во Кентаки треба да носат алки за следење

Судиите во американската сојузна држава Кентаки им наредуваат на луѓето заразени со новиот коронавирус да се изолираат, а тоа барање го спроведуваат така што ги тераат да носат алки за следење, како да се во домашен притвор, пренесуваат тамошните медиуми.

- Програмата за домашен притвор е погодна за ова. Ни обезбедува доволно дистанцирање. Можеме да ја следиме активноста откако ќе ја стават алката за следење за да се осигураме дека не ѝ наштетуваат на заедницата. Би сакале воопшто да не го правиме ова - вели Ејми Хес, шеф за јавни односи на Луисвил.

Експертите за јавно здравје ѝ посочуваат на јавноста да седи дома и да избегнува непотребен контакт за да го забави ширењето на вирусот и да избегне непотребно оптоварување на болниците.

Понекогаш, како што е случајот со Кентаки, тоа може да доведе до конфликт меѓу личната слобода и благосостојбата на јавноста.

Еден судија изјавил за локалните медиуми дека им наредил на неколку лица што живееле заедно да носат алки за следење затоа што слушнал дека еден од нив шетал наоколу откако бил тестиран и се покажало дека е заразен.

Исто така, затворски службеник, кој бил распореден да ги поставува алките, потоа кренал висока температура и се покажало дека е заразен со коронавирус.

Не сите што се вклучени во програмата ја поддржуваат. Некои велат дека луѓето не се обвинети за криминал.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот