X
 15.02.2022 Живот

Турчин е позитивен на тестовите за коронавирус цели 14 месеци

Еден 56-годишен жител на Турција речиси 80 пати се тестирал за коронавирус, а позитивен е на вирусот над 400 дена. Музафер Кајасан е позитивен на коронавирусот веќе 14 месеци, односно на 78 теста.

- Ова веројатно е женска верзија на ковид-19 бидејќи е опседната со мене. И тука има топол дом бидејќи јас имам големо срце - се шегувал тој за медиумите.

Кога првпат се заразил, Музафер мислел дека ќе умре од болеста и многу ослабел. Тој боледува од леукемија и секое дополнително ослабување на имунитетот му е тешко. Меѓутоа, по повеќе од една година од првото заразување тој сѐ уште живее со коронавирусот.

- Дојдовме до точка кога болеста или ќе исчезне или ќе оди со мене в гроб, друг лек нема - вели Музафер.



Веќе 440 дена неговото семејство го гледа само низ прозорец. Тој бил во болница девет месеци. Меѓутоа, ова искуство не влијаело врз психата на Музафер. Како што вели неговиот син Гокан, Музафер е позитивна личност.

- Толку зборувавме за неговата позитивност што стана и позитивен на ковид-19 и не може да се врати на негативно - вели Гокан.

Лицата на кои имунитетот им е компромитиран имаат поголем ризик за добивање долг ковид-19. Еден од четири пациенти со леукемија не произведува антитела дури ни по две дози вакцина против коронавирусот, вели лекарот Цагри Буке. Според него, големи се шансите вирусот во телото на Музафер да не е активен, односно тој не е заразен, но тоа не може да се знае со сигурност.


Сѐ додека Музафер е позитивен на коронавирусот, не може ни да се вакцинира.

Извор: Dnevnik
Насловна фотографија: New York Post (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот