X
 05.07.2023 Здравје

Чувствувате дека некој ве гледа? Ова може да биде знак за Паркинсонова болест

Халуцинации за присуство се оние моменти кога имате чувство дека некој е во ваша близина, иако сте сами. Истражување покажува дека ваквите халуцинации се чести кај луѓето со Паркинсонова болест и може да предвидат когнитивно опаѓање.

Се проценува дека секој втор пациент со Паркинсонова болест редовно има халуцинации. Кај една третина од пациентите тие се појавуваат пред познатите симптоми, како тресењето.

Заклучоците биле донесени врз основа на 75 пациенти со Паркинсонова болест на возраст помеѓу 60 и 70 години. Научниците откриле дека ослабувањето на функциите за внимание, решавање проблеми, регулација на емоции и контрола на импулси било побрзо во период од 5 години за пациентите што имале халуцинации на почетокот од болеста.

Научниците ги охрабруваат сите пациенти со Паркинсонова болест што имаат халуцинации да им ги споменат овие искуства на докторите.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје