X
 05.08.2020 Живот

Каква хемикалија ја предизвика експлозијата во Бејрут?

Премиерот на Либан, Хасан Диаб, изјави дека 2.700 тони амониум нитрат експлодирале во складиште во кое се чувале шест години. Останува нејасно што го предизвикало активирањето на хемикалијата.

Амониум нитрат е индустриска хемикалија која најчесто се користи како ѓубриво бидејќи е добар извор на азот за растенијата. Тој е и една од главните состојки во рударските експлозиви.

Хемикалијата сама по себе не е експлозив, туку оксиданс што го прави оганот поинтензивен, објаснува Габриел да Силва, професор по хемиско инженерство на Универзитетот во Мелбурн. Сепак, како што вели тој, амониум нитратот се активира, односно се пали под соодветни околности кои тешко се достигнуваат.


- Потребни се екстремни околности за да предизвикате експлозија - изјавил тој.

Амониум нитратот теоретски може да изгасне пожар, но доколку хемикалијата е загадена, на пример, со нафта, станува многу експлозивна. Да Силва претпоставува дека тоа се случило во Бејрут. Хемикалиите во воздухот се распрснуваат прилично брзо, но загадувачите што остануваат може да предизвикаат проблеми подоцна, на пример, доколку го закиселат дождот.



- Доколку го погледнете чадот предизвикан од експлозијата, тој има крваво-црвеникава боја. Тоа е поради азотните оксиди што го загадуваат воздухот во него - вели Да Силва.

Доколку количината на амониум нитрат што се чувала во складиштето е точна (2.700 тони), тоа значи дека експлозијата е поголема од онаа во Тексас во 1947 кога експлодирале 2.300 тони амониум нитрат, убивајќи речиси 500 луѓе.


Автори: Хелен Саливан и Том Филипс
Извор: theguardian.com
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот