X
 05.09.2021 Живот

Финалистите од фотонатпреварот „Комичен див свет“

На сите ни е потребна смеа во овие тешки времиња, а фотографиите што ќе измамат насмевка на вашето лице се од слатки животни.

Натпреварот, кој почна во 2015 година, продолжува да се шири, а овогодишните финалисти ја прикажаа најшироката разновидност на животни во историјата на натпреварот.

Победничките фотографии ќе бидат објавени кон средината на октомври.

- Бевме изненадени од бројот и квалитетот на поднесените фотографии. Беа доставени над 7.000 фотографии од секој агол од светот. Прилично неверојатно, особено со оглед на влијанието на пандемијата. Сите фотографии потсетуваат дека дивиот свет е навистина неверојатен и смешен и мораме да направиме сѐ за да го заштитиме - вели Пол Џојнсон-Хикс, коосновач на натпреварот „Комичен див свет“.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Comedywildlifephoto.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот