X
 05.11.2018 Технологија

Бил Гејтс предлага даноци за роботи

 Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт”, Бил Гејтс, очекува во блиска иднина да се воведат посебни даноци за роботи, кои би придонеле за зачувување на работните места на луѓето.

– Благодарение на оваа идеја дека роботите ќе ни помагаат да произведуваме повеќе стоки и услуги со помалку човечка работна сила, ние престанавме да ја гледаме работата како единственото нешто за коешто сме се родиле. Тоа води кон прашањето и за забавување на процесот на автоматизација - нагласи милијардерот.

Според него, не треба да се дојде до целосна замена на луѓето со роботи на нивните работни места.

– Предметот на оданочување обично е капиталот или работната сила, а роботот е вид капитал - додава Гејтс.

Тој оцени дека тоа нема да значи забрана на производството на човековидни роботи и на организацијата на производството, во кое тие учествуваат. Системот за даноци ќе биде обмислен така што претприемачите ќе сакаат да ја земат предвид можноста да вработат и луѓе.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија