X
 06.01.2021 Живот

Хотел што плови среде море во Кина е едно од најизолираните места во светот

За некои, домот од соништата е куќа изолирана од целиот свет. Доколку ова ви звучи недостижно, еден претприемач од Кина го има совршениот хотел за вас.

Станува збор за единствениот хотел што плови во Кина. Претприемачот кој стои зад хотелот сонувал за дом што ќе плови во морето и решил да го реализира сонот заедно со архитектот Донг Хинмен.

Хотелот се наоѓа во близина на островот Донгшан во провинцијата Фуџијан. Тој плови на околу 500 метри од брегот.

Претприемачот го изградил хотелот за околу 61.000 долари во период од над една година. Изолираниот хотел има многу прозорци за посетителите да може целосно да уживаат во погледот.


Автор: Ниха Тандон Шарма
Извор: luxurylaunches.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот