X
 06.03.2023 Живот

Штеди паметно и сигурно - 2,3% камата за орочени депозити во евра со ПроКредит банка

Поттикнување на културата за штедење, инвестирање во финансиска едукација и одговорно банкарство, се главните постулати кон кои безусловно е посветено работењето на ПроКредит банка.

Имајќи го предвид фактот дека ПроКредит банка е единствената банка на пазарот која поседува кредитен рејтинг од меѓународната рејтинг-агенција Fitch Ratings, која и оваа година го потврди високиот кредитен рејтинг БББ-, штедачите можат да бидат сигурни дека нивните орочени депозити ќе бидат стабилни и безбедни. Показател за довербата што ја имаат клиентите во банката е значителното зголемување на депозитната база од 17%, над 17% раст на бројот на бизнис-клиенти и над 12% на физички лица. Покрај тоа, високиот квалитет на кредитно портфолио со ниско ниво на нефункционални кредити од 1,78% е уште еден показател за квалитетното работење на банката.
Во најновата кампања, ПроКредит банка нуди најатрактивна каматна стапка на пазарот за орочени депозити во евра. Покрај сигурната заштеда за иднината, орочениот депозит на ПроКредит банка носи и дополнителни поволности за клиентите:

• Фиксна и загарантирана каматна стапка до крајот на периодот на орочување
• 2,2% за евра за период од 25 месеци, и 2,3% за евра за приматели на плата во ПроКредит банка
• Исплата на каматата на месечно ниво
• Можност за орочување на заштеда директно преку е-банкарство
• Високопрофесионална услуга и поддршка од личен банкарски советник
• Сигурна заштеда во општествено одговорна банка која инвестира во зелени проекти

Во промотивниот период до 31 март, ПроКредит банка нуди атрактивна фиксна каматна стапка за депозити

Она по што ПроКредит банка е препознатлива и високо вреднувана од своите клиенти е фактот што е целосно дигитализирана банка -  нуди дигитални банкарски услуги, меѓу кои и можноста за орочување на заштеда директно преку платформата е-банкарство. Сепак, иако сите операции се изведуваат дигитално, можноста за персонализиран пристап кон секој еден клиент останува она по што ПроКредит се издвојува од другите.

- Како единствена банка која е целосно дигитализирана, овозможуваме квалитетна 24/7 поддршка на нашите клиенти. Од отворање трансакциски и штедни сметки онлајн, па сè до потпишување договори, ПроКредит нуди целосно дигитализиран процес, со професионална и квалитетна услуга за секој клиент. Индивидуалниот пристап и личниот банкарски советник по кој сме препознатливи нè прави прв избор за младите инвеститори, за малите и средните претпријатија и воедно за сите поединци кои имаат потреба од професионален, квалитетен и достапен партнер - велат од ПроКредит банка.

Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб-страницата на ПроКредит банка: https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот