X
 07.07.2023 Живот

Филијалата на ПроКредит банка во Битола преселена во нов современ простор на атрактивна локација

Со големо задоволство ПрoКредит банка го објавува отворањето на својата филијала во Битола на нова, атрактивна локација на ул. „Тодор Скаловски“, бр.8. Почнувајќи од 19 јуни, клиентите можат да ја посетат новата модерна филијала која нуди дополнителни можности, сместена на фреквентна локација со поглед на ул. „Партизанска“.



Со цел поголема достапност и персонализиран пристап до клиентите, во новата филијала ПроКредит го проширува тимот на лични банкарски советници кои нудат комплетна поддршка во процесот на носење финансиски одлуки, како за правни така и за физички лица. Дополнително, на новата локација клиентите имаат пристап до сите дигитални услуги на новата модерна 24/7 зона, опремена со современи банкомати, можности за внесување дневен промет, drop box, уплата и исплата на денари и евра. Разбирајќи ги потребите на нашите клиенти и нивните семејства, новата филијала во 24/7 зоната вклучува и детско катче.



За повеќе информации, посетете ја веб-страница на ПроКредит банка www.pcb.mk.

ПроКредит банка е водечка финансиска институција посветена на обезбедување одлични банкарски услуги за своите клиенти веќе 20 години. Со фокус на модернизацијата и задоволството на клиентите, ПроКредит банка се стреми да испорача иновативни решенија и да изгради трајни односи во заедниците на кои им служи.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот