X
 06.04.2024 Технологија

Прецизно следење на гликозата во крвта со помош на компас од мобилен телефон

Магнометарот, односно вградениот компас, го има во речиси сите денешни мобилни телефони. Тој ја детектира насоката на магнетното поле на Земјата и обезбедува витални информации за нагивација.

Благодарение на новата технологија, стандардниот магнометар за мобилни телефони сега има сосема поинаква употреба. Имено, новиот систем им овозможува на мобилните телефони со одлична прецизност да го мерат нивото на гликоза, маркер за дијабетес.

Магнетометарот во комбинација со магнетни материјали би ја променил неговата структура како одговор на биолошки или еколошки дразби. Ова може да придонесе за следење или дијагностицирање на болеста.

Овој подвиг го направи тимот од Националниот институт за стандарди и технологија. Во нивното истражување, научниците прикачиле минијатурен бунар што содржи раствор и лента хидрогел на телефонот. Хидрогелот е порозна супстанција која се шири при потопување во вода.

kompas

Истражувачите го конструирале хидрогелот за да се прошири како одговор на присуство на гликоза или pH-вредности. Проширувањето и контракцијата на хидрогелот предизвикува магнетните честички да мигрираат во различни насоки во однос на магнометарот на мобилниот телефон. Ова му овозможува на магнометарот да ги открие поврзаните промени во јачината на магнетното поле.

Со користење на овој метод, научниците успеале да откријат концентрации на гликоза до милионити дел од мол. Мол е мерна единица која претставува одреден број атоми или молекули во супстанцијата.

Истражувачите тврдат дека наскоро ќе можат да детектираат хистамини, одредени протеини и ДНК во концентрации до неколку десетици наномоли. Тоа е милијардити дел од мол. Ова подобрување може да биде многу корисно. На пример, откривањето хистамини вообичаено би вклучувало 24-часовно собирање урина и сложено лабораториско истражување.

Лекарите најчесто ги идентификуваат хистамините во урината во концентрации кои се движат од околу 45 до 190 наномоли.

- Тестот дома со помош на магнетометар за мобилен телефон, чувствителен на наномоларни концентрации, ќе овозможи мерењата да се вршат со многу помал труд - вели истражувачот Марк Ферис.

Извор: Interestingengineering.com
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија