X
 12.09.2022 Наука

Генетски модифициран виолетов домат одобрен во САД

Нов генетски модифициран домат, кој е развиен од компанија во Обединетото Кралство, доби одобрение за продажба од Министерството за земјоделство на САД.

Службата за инспекција на здравјето на животните и на растенијата на Министерството за земјоделство во САД вели дека новиот домат од „Норфолк плант сајенсес“, кој беше модифициран за да ја промени својата боја и да се подобри нутритивниот квалитет, не е веројатно дека ќе претставува зголемен ризик од растителни штетници во споредба со другите култивирани домати и не е предмет на регулатива. Тоа значи дека од перспектива на ризик од растителни штетници, ова растение може безбедно да се одгледува и размножува во САД, се вели во соопштението на агенцијата.

„Норфолк плант сајенсес“ со седиште во Норвич, Англија, вели дека неговите генетски модифицирани виолетови домати имаат високи нивоа на антоцијани, кои се антиоксидантни соединенија со широко признати здравствени придобивки. Оттаму, исто така, велат дека нивните виолетови домати имаат подолг рок на траење, што го намалува отпадот од храна.

Компанијата има и веб-страница за да привлече поголемо внимание.

Од компанијата велат дека очекуваат да имаат семе од нивните виолетови домати достапно за продажба во САД во 2023 година.

Извор: Hoosieragtoday.com
Фото: Norfolk Plant Sciences.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука