X
 07.04.2024 Живот

Како да заштедите струја? На колку степени треба да ги поставите фрижидерот, замрзнувачот и бојлерот?

Дали знаете дека најголема заштеда на енергија постигнувате кога ќе ја поставите температурата на фрижидерот на 4 степени, а на замрзнувачот на -18 степени? А бојлерот треба да го поставите на 60 степени?

Проектот „Подобра енергија“ на Американската агенција за меѓународен развој - УСАИД има цел да им ги пренесе овие знаења на средношколците низ Србија преку серија работилници. Тие потоа би го пренеле своето знаење за енергетската ефикасност во своето општество и на тој начин ќе им помогнат на граѓаните да заштедат енергија и пари во својот дом.

Проектниот менаџер на УСАИД, Синиша Чаѓо, изјавил дека во овој круг вршат едукација на средношколци, а на нивните работилници во првиот круг биле присутни и основци.

- Целта е да ги едуцираме овие млади луѓе како да штедат струја и како да бидат совесни во потрошувачката на таа енергија. Во овој круг работиме со средношколци, како и со самите едукатори, кои потоа ќе го пренесат знаење во училиштата и во своите заедници - објаснил Чаѓо.

Нина Лужњанин, едукатор за млади на овие работилници, наведува дека проектот „Подобра енергија“ се занимава со важната тема за енергетска ефикасност, која е поврзана со глобалното затоплување и други проблеми со кои се соочува нашата планета.

Лужњанин вели дека има низа совети кои не ја нарушуваат удобноста на животот, но можат да ни помогнат да заштедиме.

- Внимавајте на енергетските класи при купување на апаратите, особено на големите потрошувачи. Тоа се налепници кои се претежно во аголот на производот - од ознаката „А“ до ознаката „Г.“ „А“ е најдобриот избор. На почетокот се малку поскапи. Сепак, тие носат драстична заштеда преку долготрајната потрошувачка бидејќи трошат многу помалку струја - вели Лужњанин.

- Во кујната, при готвењето, треба да користиме сад кој е пропорционален на грејната површина;
- Кога нешто печеме во рерна, можеме да ја исклучиме 10 минути пред крајот на печењето и да ја искористиме таа топлина;
- Поставете го фрижидерот на 4 степени, а замрзнувачот на минус 18;
- Бојлерот го поставуваме на 60 степени;

- Поставуваме ЛЕД-светилки во куќата - имаат 10 пати подолг животен век и трошат многу помалку струја.

Извор: 6yka.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот