X
 07.05.2023 Забава

Уникатен дизајн создаден со помош на вештачката интелигенција: Би живееле ли во оваа куќа?

На профил на „Инстаграм“ неодамна се појави интересно решение за куќи, создадено со помош на вештачка интелигенција.

Имено, Велигденските Острови се познати по Моаи скулптурите, а не се знае многу за причините зад нивната изградба.

Сега, една концептуална галерија, базирана на вештачка интелигенција, отиде чекор понатаму, создавајќи Моаи-куќи, чии главни карактеристики се големите камени глави.

„Поглед на светот“ би можело да биде името на едно од понудените решенија, со оглед на тоа што очите на фигурата се користат како прозорци.

- Целта на овој дизајн е да ја издигне скулптурната компонента на фигурите Моаи со модерен дизајн на домот. На овој начин се постигнува естетска хармонија помеѓу природната средина и архитектонскиот објект - пишува на инстаграм-профилот.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава