X
 20.11.2023 Технологија

Алатки за разоткривање на употребата на „Чет-ГПТ“

Можеби сте професор кој е алергичен на мамење или можеби сте студент кој сака да го скрие фактот дека користел „Чет-ГПТ“ за да ја напише својата семинарска работа или некој друг труд. Во секој случај, ви пренесуваме кои алатки би можеле да ви помогнат да го откриете вистинскиот автор на едно дело.

ГПТ зеро

Ова е бесплатна онлајн услуга која не бара најавување и ви овозможува да скенирате делови од текст до 5.000 знаци. Ако се регистрирате и отворите бесплатна корисничка сметка, ќе може да скенирате околу 10.000 збора месечно, во блокови од 5.000 знаци.

Ако сепак одлучите да се претплатите, најевтината верзија чини 10 долари и ви овозможува да скенирате 150.000 збора за еден месец, односно 50 илјади збора во едно скенирање и можност за прикачување дури 10 документи одеднаш.

Винстон

Оваа опција не е толку едноставна како првата - нуди ограничен пристап кога е потребно скенирање и најавување доколку сакате да скенирате документи, а откако ќе го направите тоа, имате ограничување на зборовите. „Винстон“ ви дава 2.000 кредити за време на регистрацијата, а еден збор претставува еден кредит. Откако ќе ги потрошите тие кредити, треба да платите за премиум верзијата или да ја преземете екстензијата на „Хром“ за да добиете уште 10.000 кредити.

Сепак, неговата добра страна е што има понапредни функции. За 12 американски долари месечно ќе добиете опција за скенирање на 80 илјади збора и други функции.

Саплинг АИ детектор

Оваа програма нуди бесплатна верзија која може да скенира до 2.000 знаци и ви овозможува 20 бесплатни скенирања. За повеќе од тоа, треба да креирате корисничка сметка, по што можете да скенирате уште 8.000 знаци со неограничен број скенирања. Таа услуга ќе ве чини 25 долари месечно, но има 30-дневен пробен период кој е бесплатен.

Зеро ГПТ

Оваа опција нуди бесплатно скенирање до 15 илјади знаци и скенирање на пет документи одеднаш. Ако изберете да се претплатите, најмалиот пакет ќе ве чини 8,29 долари месечно и вклучува можност за скенирање 50 илјади знаци одеднаш.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија