X
 07.08.2019 Технологија

Разглас со ласер за неутрализирање насилни демонстранти

Воените власти во САД работат на несмртоносни ласери способни да пренесуваат и гласовни пораки, со цел, на пример, да го дезориентираат непријателот или, пак, толпата демонстранти.

Првичната намена е неутрализирање на насилните демонстранти. Концептот се состои во тоа што ласерот едноставно ја гори кожата на човекот-мета. Звукот што ќе се емитува од истата мрежа уреди ќе биде висок 155 децибели. Според стручните лица, оваа технологија ќе биде поефективна од обичниот разглас.

Во овој миг системот е приспособен за заштита на недвижни објекти, но се работи и на мобилна верзија. Минатиот месец беа спроведени некои експерименти, но до полна готовност на системот, како што велат научниците, ќе бидат потребни уште пет години.

Се работи и на зголемување на досегот на ласерот на 100 метри, а доколку е изводливо, и на неколку километри.

Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија